Бевме цврсто решени да ја земеме, па ако треба и да ја грабаме, пишува шегобијно македонската актерска легенда Владо Јовановски за семејната радост во која Сара и Григор се обврзале на вечна љубов.
Владо Јовановски во радосниот пост објаснува дека во земањето на невестата се почитувале прекрасните македонските свадбени традиции.
,,Протест на антички Македонци, зашто не ни ја даваа невестата.!
Желбата беше огромна …!
Направивме голем притисок, а и отпорот беше за респект и за почит!
Имаше турканици на вратата, имаше замки и финансиски издатоци. Но ние бевме чврсто решени да ја земеме, па ако треба и да ја грабаме!
На крај успеавме, ни ја дадоа, поточно си ја земавме, нивната, а сега и наша принцеза:
Сара Јовановска!
Слава му на Бога!
💛❤️💛”, објави среќниот свекор легендарниот Владо Јовановски за брачната заклетва на неговиот син.

А принцезата е екс македонска ракометарка која сега му е сопруга на Григор Јовановски.
Некогашната македонска репрезентативка Сара Митова беше една од најталентираните македонски ракометарки, играше за Вардар Јуниор а со првиот тим на Вардар и во Лигата на шампионите.

Григор Јовановски е еден од најдобрите млади македонски актери, дел е од ансамблот на „Театар Комедија“.
Нека им е вечна љубовта.






