Афрона Веризволи, кадар на ВРЕДИ во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите, информираа од Владата.
Медиумите денеска објавија дека ЕУ ќе испитува дали Владата поставила несоодветна главна ревизорка за Европските фондови и дека не се знае дали новоименуваната Афрона Вервизоли воопшто има лиценца за ревизор.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Делегацијата на ЕУ во Македонија го разгледуваа случајот со именувањето на главен ревизор на Ревизијата на претпристапната помош.
Именувањето предизвика интерес и во Делегацијата на ЕУ во Скопје од каде велат дека сите функционери треба да бидат поставени законски и со исполнети критериуми за вршење на функцијата.
Вервизоли е дипломирана економистка и досега работела на шалтер во банка.
Условот за главен ревизор е кандидатот да има соодветна стручност, знаење и искуство во областа на ревизијата, уверение за стекнато звање од областа на ревизијата.
Предлогот за Вервизоли, изгласан од Владата, бил на коалицијата Вреди.
Главниот ревизор за ИПА фондовите и целото ревизорско тело отчет даваат и пред ЕУ.
Со владина одлука, од минатата недела на таа позиција беше назначена Афрона Вервизоли која нема соодветни квалификации за таа позиција.
Нема официјални информации дали Вервизоли има ревизорско искуство и соодветен ревизорски сертификат, што е услов за изборот на кандидат за таква позиција.
„Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите.
Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра#, брифираат од Владата.





