Владата размислува да го повлече законот за Митилинеос

И на денешната владина седница се зборувало за можноста да се повлече предлог законот за Митилинеос кој треба да ја гради новата когенеративна централа во Железара која ќе произведува и струја и топлинска енергија.



Разговорите за оваа точка почнаа уште минатата владина седница, но се одлучи да продолжат оваа. Министерот за економија рече дека ќе бара повлекување на предлог законот, а преговорите со инвеститорот да почнат од почеток. Според, неговото образложение не може еден инвеститор да добива повеќе видови помош од државата, затоа што тоа го нема во ниту една држава.

Вицепремиерот Битиќи пак се изјасни дека не гледа ништо спорно во предлог законот за овој инвеститор но дека на маса ќе бидат ставени сите аргументи. Но, се уште нема официјална информација што е одлучено за овој предлог закон.

Овој инвеститор освен што ќе добие државна помош од околу 50 милион евра и загарантиран откуп на производството, интересно е и тоа што во документот пишува дека ќе добие и еден вид заштита. Во еден од членовите стои дека инвеститорот за кои има најмногу реакции во јавноста ќе добие и заштита од граѓански немири.

Целиот текст прочитајте го тука.