За Владата нема проблем што и претседателот на државата, Стево Пендаровски, и техничкиот премиер Талат Џафери присуствуваат истовремено се на иста конференција. Не само Премиерот и Претседателот, на Минхенската безбедносна конференција присуствуваше и министерот за надворешни работи на Македонија.
Поканите за сите делегации ги праќал организаторот, и во тој контекст до Македонија биле испратени повеќе покани велат од Владата.
„По прифаќањето и дефинирањето на делегациите, истите беа во постојана комуникација и координација, за сите сегменти, вклучително и најважниот сегмент, а тоа се државните позиции и државниот интерес. Напоменуваме дека ова не е прво учество на земјата на Минхенската безбедносна конференција, ниту прв пат делегацијата да е составена од повеќе членови. Дополнително, Северна Македонија не е единствена држава претставена од делегации од повеќе институции, напротив – повеќето делегации се со повеќе членови, што лесно се проверува преку официјалните канали на организацијата“, се додава во реакцијата на Владата.





