Владата во целост им ги исплати заостанатите субвенции на земјоделците

По кој знае колку време, целост се исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците, кои мака мачеа да си ги земат своите пари. За само 6 месеци, Владата обезбеди 40,6 милиони евра, за државната помош која не им се исплаќаше изминативе години, како и 27,6 милиони евра за годинава. Па така, за сточарите, за лозарите, за овоштарите, за тутунопрозиводителите, како и за останатите земјоделци вкупно се исплатени околу 70 милиони евра.



  • Ова е историска сума. Со ова докажуваме дека ја враќаме довербата кон земјоделците и и земјоделството, како стратешка гранка, изјави Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство.

Со редовната исплата Трипуновски очекува да се врати интересот кон земјоделството. Сегашните бројки се поразителни. Скоро третина од земјоделците за 10 години ја напуштиле оваа гранка и затоа јадеме наместо домашно, увозно овошје и зеленчук.

Од опозициската СДСМ експресно стигна демант на тврдењата на ВМРО ДПМНЕ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, дека ‘оваа година е прва, во која се исплаќаат субвенции за тековната програма за директните плаќања, во висина од 70 милиони евра’. 

Од опозициската партија им порачаа на ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски  дека ‘срамно е да се фалат со туѓи мерки’ но, и дека уште посрамно е да лажат дека ‘ за првпат вовеле ваква исплата’. Од СДСМ велат дека „Годишната програма за исплата на субвенциите за 2024 година“ ја донесе Владата на СДСМ, во јануари годинава и затоа според нив Трипуновски и  ВМРО-ДПМНЕ, ‘да не ги потценуваат земјоделците, бидејќи токму земјоделците знаат кога за прв пат добиле исплата на субвенции од тековна програма во тековната година’.

  • Исплата на субвенциите е продолжување на процесот од минатата година, како една од мерките и систем на исплата донесен од Владата на СДСМ. Ова не е нов модел. За првпат според моделот за авансна исплата на субвенциите донесен од СДСМ е направена  минатата година. Измената на програмата за авансна исплата на субвенциите и зголемувањето на буџетот за субвенции започна пред три години. Минатата година за првата година кога земјоделците добија авансна исплата на субвенциите во тековната година, за прв пат од 2005 година од кога се воведени субвенциите“, велат од СДСМ.

Па така, ако во 2014. имало 90.000 регистрирани земјоделци, бројката сега е едвај 65.000. Преполовени се и одгледувачите на крупен добиток. Од 260.000 грла стока пред 10 години, сега имаме едвај 140.000. Целта ни е да се врати домашното прозивдоство, апелира министерот. Сега јадеме се што ќе ни донесат. Наместо од увоз, трба да јадеме од домашно производство.