Влада: Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, никој нема да биде заборавен, Кочани е наш приоритет!

„Трагедијата во Кочани, во која животот во загубија 62 млади лица, е од невидени размери. Како Влада истакнавме дека наша обврска, покрај целосната истрага и расветлувањето на случајот, како и изведување на сите вмешани лица пред правдата, е и да обезбедиме соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивни семејства.“ – порача Владата на Република Македонија во своето денешно соопштение.



До сега како Влада обезбедивме 30 милиони денари за транспортот и сместувањето на придружбата односно за членовите на семејствата на повредените пациенти. Но, нашата грижа не завршува тука, бидејќи Кочани е наш приоритет и никој не смее да биде заборавен. Дополнително отворивме телефонска линија, која е во директна комуникација со Претседателот на Владата. Повредените и нивните семејства можат да се јават на телефонскиот број 070/355-526 за да ги искажат своите барања, конкретни предлози и потреби, кои ги имаат.

На владина седница ќе донесеме одлука, со која одморалиштето Пониква со 27 соби и 56 легла ќе се пренамени во центар за рехабилитација. Во тој центар за рехабилитација кадар ќе може да работи на психофизичката состојба и на давањето медицинска нега за брзо закрепување на повредените граѓани.

Ова е заедничка борба: ниту повредените, ниту семејствата на починатите млади лица не се сами. Како Влада ќе направиме се што е во наша надлежност да помогнеме и да се обидеме да ја намалиме болката. Усвојуваме конкретни мерки, кои се од интерес на граѓаните. Државата мора да се менува и се менува. – истакна Владата на Република Македонија во свото соопштение.