„Ја информираме јавноста дека Владата на Република С. Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест.



Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите подолу), станува збор за „смишинг“ и „фишинг измама“ што се појави во изминатите часови и која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат, соопшти Владата.

Во пораките со лажна содржина се наведува дека Владата дава надомест од 6.150 денари, а по кликнувањето на линкот се бараат лични податоци од корисниците.

„Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот“, се додава во соопштението од Владата.