Вишиот ревизор Арбен Рамадани е нов главен ревизор на ИПА-фондовите, има 14 години искуство во контролата на парите од ЕУ

„Aрбен Рамадани е главен ревизор на ИПА фондовите. Владата го назначи на оваа функција, по разрешувањето на Афрона Верзиволи, која немаше сертификат за вршење на оваа функција. Ревизорот Рамадани дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа за финансии и бизнис. Веќе 14 години е вработен во институцијата која е одговорна за контрола на управувањето и трошењето на средствата кои Европската Унија и ги обезбедува на Македонија преку ИПА програмата.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат пишува: Првично, од 2010 до 2012 година, тој беше ревизор за компонентата ИПА 5, а потоа и овластен државен ревизор. Од 2020 до 2024 година работи како виш ревизор, додека во последно време работи како независен ревизор за унапредување на ревизијата. Рамадание од 2019 година и овластен сметководител.

Само 10 дена по именувањето на Главниот ревизор за ИПА фондовите, Владата ја повлече одлуката за именување на Верзиволи, поради реакциите за непостоење релевантна квалификација за оваа функција. Антикорупциска отвори случај за именувањето на Верзиволи, бидејќи до нив се доставени анонимни поднесоци дека на позицијата главен ревизор на фондовите на ЕУ е поставено несоодветно лице. Неофицијално, Делегацијата на Европската Унија испитуваше и дали Владата го поставила соодветниот кадар на оваа позиција.

Од Влдата нагласија дека е од „суштинско значење да се обрне внимание на истражувањето и откривањето на злоупотребите на фондовите на ЕУ, кои се случиле во минатото“. „Овие злоупотреби не само што оставија свој белег врз документацијата, туку ја натераа и Европската канцеларија за борба против измами да побара враќање неколку милиони евра од државата“. СДСМ упати критики до власта поради „назначување неквалификувани кадри“.