Вистинско чудо како нема загинати и повредени – Скопски сообраќајни вратоломии (ВИДЕО)

Вистинско чудо е како нема загинати и повредени, ова е заклучокот кога човек ќе ги види сообраќајните вратоломии што ги прават возачи во главниот град.



Во видео објавено на социјалните мрежи се гледа како возачи кои се упатуваат кон центарот на Скопје од страната на Кисела Вода без никаква грижа на совест или страв дека ќе бидат санкционирани се качуваат на тротоарот и возат паралелно со возилата на коловозот.

На тротоарот има и пешаци и велосипеди и контејнери поради што ваквиот начин на возење претставува опасно загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Видеото снимено од граѓани на овој линк

https://x.com/VibeMysterio/status/1920592748945486090?t=GMdj4BYxsQrx_lT9XUBQug&s=19