Младите, кои сакаат да се занимаваат со земјоделство, може да аплицираат на владиниот повик и да добијат 10.000 евра од државата. Критериумите се олеснети, а пријавувањето е до 9 мај. Целта, според министерот за земјоделство, е да се зголеми бројот на земјодлеци, кои ќе произведуваат овошје и зеленчук дома, наместо истото да се увзеува од странство. Популацијата во агросекторот старее, загрижува фактот што во идинина ќе нема која да ги обработува нивите. Со цел пооттикнување што повеќе млади да започнат да се занимаваат со земјоделие годинава се олеснети критериумите за повикот. Од МЗШВ најавуваат дека и понатака ќе се преземаат мерки за да се поттикне развојот на земјоделството и да се поттикнат младите да влезат во секторот, да се зголеми домашното производство. Целта на Владата е Македонија од увозник да стане земја извозник.
- Овој Јавен повик е само еден стимул на нашите млади да влезат секторот земјоделство и истите да продолжат да го движат процесот во производството на квалитетна храна. Новата енергија во земјоделството е потребна за да се зголеми производството на храна, со што ќе станеме земја која што ќе извезува квалитетни земјоделски производи и по тоа ќе станеме и понатаму препознатливи, вели Трипуновски.
Инаку, на јавниот повик предност ќе имаат младите жени земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско или ветеринарно образование како и оние кои сакаат да инвестираат во механизација и опрема за преработка и сточарско производство информираат од Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој.
Аплицирањето за оваа мерка се врши електронски и тоа најдоцна до 9.05.2025 година.





