Новиот голем успех на македонскиот шах – сребрениот медал на интернационалниот мајстор Тони Лазов на 45. Шаховска олимпијада во Будимпешта – овековечен во видеото на денот од победничкиот пиедестал.
Лазов,инаку шахист на ШК Алкалоид, оствари втор рејтинг-перформанс на втората табла со освоените 7,5 поени од 8 партии и стана четврти медалист од Македонија на шаховските олимпијади по велемајсторите Драгољуб Јаќимовиќ (злато на третата табла во Истанбул 2000), Владимир Георгиев (сребро на третата табла во Калвија 2004) и Трајко Недев (бронза на резервната табла во Ереван 1996).
Видеото од врачувањето на медалот на 24-годишниот неготинец на линкот: https://fb.watch/uMV3cpc__2/







