Македонското еколошко друштво успеа да лоцира уште еден балкански рис, објави организацијата на Фејсбук.
- „Станува збор за млада женка, која ја крстивме Зора. Тешка е 15,5 килограми. Ова е 15-от балкански рис на кој МЕД му постави околувратник, преку кој собираме драгоцени информции кои ни помагаат за закрепнувањето на овој наш најдраг подвид“, обjави Македонското еколошко друштво.
Видеото од рисицата Зора можете да го погледнете ТУКА.

Ова рисче е надежта која ѝ е потребна на малата популација на балкански рисови во Македонија, велат екологистите (Фото: Македонско еколошко друштво)
Инаку, статусот на балканскиот рис е критично загрозен поради фактот дека бројот на возрасни единки кои се способни за репродукција е помал од 50 и според стандардите на Меѓународната унија за заштита на природата, тој е на праг пред да биде целосно исчезнат од нашата фауна. Најзначајните закани за опстанокот на рисот се: криволовот, драстичното намалување на неговиот плен и уништување и фрагментација на неговите станишта. Програмата за закрепнување на балканскиот рис, меѓу другото, веќе десет години се обидува да го спречи овој негативен тренд. Секако, опстанокот на балканскиот рис ќе зависи не само од овие, туку и од сите останати подрачја на Балканот кои поседуваат погодни станишта за рисот и неговиот плен.






