Со или без новото уставно име на државата, ДИК мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање, без разлика на тоа каков личен документ ќе приложат за идентификација, вели поранешниот претседател на собрфанието и поранешен член на ДИК, Трајко Вељаноски.



Тој истакнува дека сите документи (лични карти, пасоши) служат само за идентификација на личноста, а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ.

„… Само како пример, во 1998 година тогашната ДИК донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот“, напиша Вељаноски на Фејсбук.

Објавата на Вељановски доаѓа по барањето на ДИК во Изборниот законик да се воведе преодна одредба со која на граѓаните од земајва и странство ќе им се овозможи на претстојните избори да гласаат со пасоши со старото уставно име чија важност сè уште не е истечена…