„Душмански е исечена и украдена комплетната електрична инсталација. Со тоа целата работа од еден месец на луѓето кои работеа, пропадна во вода. За овој вандалски чин, кој очигледно е со намера да се спречи нормализацијата на железничкиот сообраќај, известено е МВР и соодветните истражни органи кои преземаат сеопфатна истрага“, вели Игор Коруноски, директор за влеча и одржување на возните средства, за весникот ВЕЧЕР. 



Се надеваме дека сторителите ќе бидат откриени и соодветно казнети. Ние нема да застанеме, ќе продолжиме да ја обновуваме железницата, затоа што Македонија мора да има и ќе има железница“, вели Коруновски.

Тој сподели загрижувачки податок:

„Замислете цел железнички сообраќај во нашата држава во моментов се одвива само со шест железнички средства. Во една таква алармантна ситуација, после промената на власта, не остана ништо друго, освен да се засукаат ракавите и да се започне процес на ревитализација и поправка на сите оние локомотиви и возови кои се дефектни и фрлени на слепи колосеци.

Со добра организација на новиот менаџмент, вработените во „Македонски железници –Транспорт“ започнаа акција за подобрување на состојбата – вели Коруноски.

Директорот потсетува дека ова не е прв случај, но не ја отфрла можноста дека се работи за саботажа…нешто што се случувало и во минатото.