Нема потешко повредени во верижниот судар што се случи вчера околу 23:30 часот на главната скопска артерија, булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзална сала.
Според фотографиите на expres.mk, во верижниот судар учествувале четири возила, кои од засега непознати причини удриле едно во друго.
Првото од четирите возила застанало на средната лента на булеварот, а трите зад него. Откако удриле во возилото пред нив, тие застанале на крајната лева лента на коловозот.

Полицијата, која веднаш пристигнала на местотo на настанот, допрва треба да ги соопшти причините за инцидентот.
Вчеравечер во Скопје времето беше врнежливо, ја намалуваше видливоста за возачите и го отежнуваше сообраќајот во главниот град.





