Потпретседателскиот кандидат на Републиканската партија, сенаторот Џеј-Ди Венс, изјави дека илегалните имигранти треба „да почнат да се пакуваат“ „бидејќи Доналд Трамп се враќа“.



„Време е да се стават интересите на американските граѓани на прво место“, продолжи Венс, велејќи дека е „здраворазумски“ американските лидери „да внимаваат на интересите“ на американските граѓани, пренесе „ЊУЗ.Бг повикувајќи се на странски агенци.

Тој истакна дека ако демократската кандидатка за претседател Камала Харис успее да ги направи илегалните имигранти регистрирани гласачи, таа ефективно ќе ја „препушти контролата“ врз САД на „луѓето кои дури и не треба да бидат тука“.

Сенаторот Џеј-Ди Венс одржа митинг во Рено, Невада, каде го пофали поранешниот претседател Доналд Трамп.

Венс рече дека Трамп „добил куршум за земјата“ и посочи дека ќе продолжи да дава значителни придонеси доколку биде реизбран.

„Ќе ја вратиме нашата земја назад“, изјави Венс.
„Тој дури доби куршум за земјата што ја сака. Само замислете што ќе прави со уште четири години во Белата куќа“.