Одговарајќи на критиките дека сè уште не е одреден датумот кога Велика Британија и фактички повеќе нема да биде членка на Европска унија, министерот надлежен за „Брегзит“, Дејвид Дејвис, излезе со амандман на нацрт-законот што се подготвува.
„Нашиот амандман јасно покажува дека ЕУ ќе ја напуштиме на 29 март 2019 година во 23 часот. Ги послушавме јавноста и парламентот и ја внесовме таа промена за да избегнеме конфузија“, изјави Дејвис.





