Варуфакис најави нова партија во Грција

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, вчера објави дека ќе формира нова партија која ќе ја претстави на 26 март.



Новата партија ќе биде поврзана со движењето DiEM25 (The Democracy in Europe Movement 2025), паневропско политичко движење основано од Варуфакис и хрватскиот филозоф Среќко Хорват.

Преку Твитер, Вароуфакис соопшти: „Пред три години Грците одлучија да се противстават против умирањето од светлината, тие беа предадени, но никогаш поразени, а по два месеца (26/3) ќе се појави нова грчка партија DiEM25. Не постои конечен пораз, исто како што нема конечна победа!“

Варуфакис(56) е грчки политичар, економист, пратеник во грчкиот парламент помеѓу јануари и септември 2015 година како член на Сириза. Беше министер за финансии седум месеци, до јули 2015, кога се спротивстави на третиот програмски економски пакет за Грција од ЕУ.

Во февруари 2016 година, Варуфакис, жеток критичар на ЕУ, го основаше политичкото движење Демократија во Европа во 2025 година.