Ракометарките на ЖРК Вардар денеска од 17 часот настапуваат и тоа во рамките на третата рунда од групата Ц во Лигата на шампионки. Станува збор за гостување кај Ларвик кој за разлика од нас со две славја, има два пораза. Вардарки се големи фаворитки иако при последното гостување во Норвешка пред година и половина беа поразени. Ако избраничките на Ирина Дибирова попладнево победат кај Ларвик веднаш ќе биде обзебеден пласман во новиот групен, во случајов, четвртфинален сегмент во Лигата на ракометните шампионки.



ЖРК Вардар е поуспешен во меѓусебните со Ларвик, но го загуби последниот меч одигран на гости со 28-26. Во нашата конкуренција утре играат и Турингер и Ференцварош.