Вардар ремизира со поранешниот премиерлигаш Свонси!

Во својата последна проверка по подготовките во Раденци фудбалерите на Вардар го остварија највредниот резултат, ремизирајќи 1:1 со Свонси, член на англискиот Чемпионшип и поранешен премиерлигаш и освојувач на Лига купот од 2013 година.



„Црвено-црните“ поведоа во 21 минута преку засилувањето Џибрил Дианеси од Франција, а израмни Португалецот Гонсало Франко во 61. минута од натпреварот со второлигашот од Островот одигран во австриски Фридберг.

За време на подготовките во Словенија вардарци ги совладаа и Мура со 2:0, како и Чарда Мартјанци со 3:1, а загубија од Динамо Загреб со 3:0 и од Бистрица со 1:0.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој неодамна договори финансиска инјекција од еден милион евра од новиот генерален спонзор „Новоматик“ од Австрија, в понеделник го очекува ждрепката за новата сезона во Македонија.