Непоразениот до сега Вардар и тоа во двете натпреварувања, и во Лигата на шампионите и во СЕХА денеска е во Цеље за новиот шести натпревар во регионалното ракометно друштво. Тоа може да биде голем предизвик за црвено-црните кои во оваа конкуренција имаат 5-0 бидејќи Словенците се се подобри, а и Раул Гонзалез го нема најдобриот тим бидејќи Рожерио е повреден, а Стоилов и Македа воопшто не тргнаа на пат, но тоа не е пречка црвено црните одново дојдат до цел плен.
Врадар со Цеље има шест победи во последните три години, но половината од нив беа со гол или два разлика, и беа решавани во последните напади. Дуелот започнува во 17.45.