Вардар го совлада Работнички со 2:0 во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига и од зоната за испаѓање се искачи на осмото место на табелата.
„Црвено-црните“ поведоа преку Едиз Спахиу во 36. минута, а триумфот во вечното градско дерби го потврди Роџерс Мато во првата минута од судиското продолжение од натпреварот одигран во тренинг-центарот на ФФМ во Скопје.
Тимот на Гоце Седлоски можеше да слави уште поубедливо ако Азер Омерагиќ го реализираше пеналот при 0:0 во 36. минута.
Резултати од 22. коло: Работнички – Вардар 0:2, Брера – Гостивар 0:1, Беса – Силекс 0:5, Пелистер – Воска 1:0, Струга – Шкендија 3:0 и Тиквеш – Шкупи 1:0.
Табела: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 31, Пелистер 26, Вардар 20, Брера 20, Тиквеш 18, Воска 18 и Беса 15.






