Одбраната на европската ракометна круна освоена во јуни во Келн започнува денеска, а почетната точка за континенталниот владетел Вардар е во Полска. Висла Плох е првиот предизвик во новото издание од Лигата на шампионите во која црвено црните влегуваат со големи амбиции втемелени на составот кој , главно е зачуван, и амбиентот кој е победнички и поттикнувачки, и во тимот и меѓу големата армија поддржувачи. Средбата на Вардар со Висла е од 19 часот и е дел од воведниот круг во групата 1. Добра вест од таборот на црвено црните е што во составот на Раул Гонзалез е и Лука Циндриќ кој беше неизвесен, а ќе се сетиме беше клучна фигура во освојување на првата, а и ќе биде во обидот на неа, веднаш да се додаде нова титула Европски првак.
Мечот на Висла и Вардар е еден од седумте предвидени за денеска во машкиот шампионски ракометен натпревар. Од условно, нашата А група има уште два во кои Барселона на Ристовски гостува кај Рајн Некар на Талевски, а Лазаров со Нант го пречекува Пик Сегед. Во Б конкуренцијата се игра дербито Кил–ПСЖ, а средби има и во составите Ц и Д. Скјер-Динамо Букурешт и Горење-Адемар се од третата, а дуелот на Бешикташ и Спортинг е од Д, уште една наша група поради настапот во неа на Металург кој вчера беше потопен кај Монпеље со 32-22.





