„Го добивме известувањето од Владата за денот на гласањето, кој е слободен ден само за јавната администрација. Сметам дека тоа е неправедно, не е фер услов.



Практично, сите приватни работодавачи ќе можат да им оневозможат на граѓаните да го напуштат работното место, да излезат да гласаат…“, порача Билјкана Ванковска, кандидатката за претседател на државата на средба со граѓаните на Центар и на Кисела Вода пред кои ја претстави својата изборна програма.

Според неа, тоа ќе ги дискриминира граѓаните, бидејќи на овој начин голем број граѓани, особено од Скопје, но кои потекнуваат од градовите во внатрешноста, нема да бидат во можност да го искористат правото на глас.