Критикувајќи го одолжувањето со пополнувањето на функцијата министер за здравство откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар, универзитетската професорка Билјана Ванковска констатира дека Македонија е во фаза на изумирање на државата.
„Избор на министер за здравство била одговорна работа, па затоа ќе се преговарало и натаму. А одговорно ли е 2-3 месеца да нема министер? Но, со оглед на тоа што е исто и со министер и без министер, Македонија ја достигнала фазата на одумирање на државата (што на комунистите не им успеа). Тоа што изумираат и луѓето е само колатерален ефект“, напиша Ванковска на својот профил на „Фејсбук“.





