Кандидатката на Левица за иден шеф на државата, Билјана Ванковска се доближува до потребниот број откако до вчера 7.876 поддржувачи се потпишале за нејзината кандидатура.
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски до вчера имал собрано 6.676 потписи.
Максим Димитриевски синоќа на Фејсбук објави дека ги собра потребните потписи за претседателска кандидатура.
Претходно, до 10.000 потписи стигннаа кандидатите за претседател на ДУИ и на обединетата опозиција на етничките партии на Албанците, Бујар Османи и Арбен Таравари.
Од другите кандидати, Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачката партија има собрано 887 потписи, Ѓорѓи Манасков – 267 гласови. Зорица Цветковска од „Десна“ има 140 потписи, а Господин Попоски од Вевчани досега има – 40 поддржувачи.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во претседателската трка влегуваат со поддршка од по 30 гласови од пратениците.





