Членувањето во некои идни сојузи не смее да биде заради интерес на некои други држави и геостратегии, туку само заради, како што нагласи, интересите на Република Македонија и на нашиот македонски народ, порача вчера кандидатката за претседател на Македонија, Билјана Ванковскана средба со граѓани од Богданци и Гевгелија.
Ванковска, презентирајќи делови од своите програми, нагласија дека ги потврдуваат своите ставови за укинување, како што особено нагласи Ванковска, трите штетни договори кои ја влечат нашата татковина надолу – Охридскиот, Преспанскиот и бугарскиот договор.






