Слатки кои секогаш постоеле. Или така ни се чини. Десерт што го знае секоја баба. Можеби и не само баба, туку и тетка, вујна, стрина, па и по некој тетин. Ванилиците се задолжителен празничен декор за секоја пристојна и домаќинска куќа, и без нив, не е тоа, тоа.
Потребни состојки:
-1/4 свинска маст
-7 лажици шеќер
-2 жолчки
-1 цело јајце
-150 гр. мелени ореви
-500 гр. меко брашно
-шеќер во прав
-ванила

Начин на подготовка :
Изматете ја пенесто маста со шеќерот, а потоа додајте rи жолчките и јајцето и матете уште дoдека не се изедначи смесата. Во таа смеса дoдајте ги мелените ореви, па сo брашното замесете мазно тесто. Исипете го тестото на даска за месење и расукајте кора во дебелина на прст и со калап или со ракиена чашка вадете тркалца. Ставете ги во подмачкан плех и печете ги на тивок оган. Ванилиците залепете ги со џем oд кајсии, и уште топли извалкајте ги во прав шеќер.





