Бујар Османи во понеделник во Атина

Според ексклузивни информации на атински „Скај“ во текот на месецов се очекуваат контакти на виско ниво меѓу двете двете земји.



„Во понеделник или вторник на 8 или 9 јануари, заменик-премиерот на БЈРМ, Бујар Османи, ќе се состане во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Котиас и Џорџ Катругалос“, алтернативен министер за надворешни работи.

Според информациите што во моментот не се потврдени, на Светскиот економски форум во Давос на 23 јануари, најверојатно е можна средба на Алексис Ципрас со неговиот македонски колега, Зоран Заев.

На 19 јануари, во Њујорк се очекува средба на посредникот на ОН за прашањето на името Метју Нимиц со преговарачите на Грција и ПЈРМ, Адамантиос Василакис и Васко Наумовски.