Разочаран од денешниот антимакедонски митинг во Солун, грдоначалникот Јанис Бутарис изјави дека не му се јасни протестите на кои учеаствуваа илјадници луѓе од цела Грција, наводно, да го одбранат грчкото име „Македонија„
„Многу сум разочаран што и по 25 години спор за името, ние сме во истата позиција. Психологијата и размислувањето на голем број грчки граѓани не е променета“, рече Бутарис.
Според него, проблемот е во тоа што „луѓето сметаат дека Скопје ќе ни го одзеде идентитетот, никој нема да го направи тоа. Тие не се закана за нас. Луѓето се слабо информирани и си замислуваат нешта што не се реални. Веруваат дека ќе ни биде украдена историјата“, изјавил Бутарис за една телевизџија од соседството..
Градоначалникот на Солун, во пресрет на Нова Година, организираше вечера со македонскиот премиер Зоран Заев.
Средбата дојде по поканата на Бутарис кој за време на посетата на Скопје минатата есен, го покани македонскиот премиер во Солун.
Грчките медиуми и политичари го критикуваа Јанис Бутарис дека при поосетта на Скопје, земјата домаќин ј нарекол Македонија.





