Обиди за повторно преговарање на обврските може да ја оддалечат Северна Македонија од почетокот на преговорите за ЕУ, се закани бугарското министертво за надворешни во реакцијата на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека со  неговата последна изјава дека Францускиот предлог може да се модифицира, ја одалечувал Македонја од ЕУ.



„На властодршците во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за повторно преговарање на меѓународните обврски кои веќе се преземени може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Потсетуваме дека како резултат на непотребни провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори“, велат од МНР на Бугарија,пренесува TV24.

Оваа реакција следува откако Мицкоски рече дека како Влада остануваат посветени на ова прашање и оти ќе продолжат и понатаму да работат за полноправно членство во Европската Унија, откако ќе се избере политичка влада во Бугарија.

Дополнително реакцијата на Бугарија ја поттикна и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Францускиот предлог“ може да добие уште еден додаток:

„Француски предлог плус“. Убеден сум дека нашиот источен сосед ако го гледа и својот интерес ќе му стане јасно дека процесот на преговори мора да почне за нас ако сакаме да имаме една целина како Балкан која ќе биде дел од Европската Унија. Убеден сум дека таму има политичари кои тоа сакаат да го видат“, потенцираше Мицкоски.

Реакцијата веројатно е во „тесна врска“ и со најавата на македонскиот премиер за кадровски промени во мешовитата историска комисија која последен пат се сретна на крајот на претходната година а нејзниот мандат завршува во септември.