Министерство за надворешни работи Бугарија реагира на, како што велат, континуираните изјави од претставници на Република Северна Македонија, кои го ставаат под сомнение принципот pacta sunt servandа.
„Процесот на европска интеграција се заснова на сопствените заслуги и не допушта посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат.
Единствената гаранција за успех е исполнувањето на воспоставените критериуми и услови“, стои во соопштението.
БТА ја цитира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена во телевизиско гостување, каде што наведува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан понудил да биде домаќин на средба меѓу Бугарија и Македонија „за да се види дали може да се приближат позициите“, за да може Скопје да започне преговори со ЕУ.






