Бугарскиот патријарх в недела ќе лобира за МПЦ кај Вартоломеј

Бугарска црковно-државна делегација в недела ќе присуствува на отворањето на обновената т.н. Железна црква во Истанбул, а во рамките на посетата е договорена средба меѓу патријархот Неофит и вселенскиот патријарх Вартоломеј за „македонското прашање“.



Барањето на Македонска православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) до Бугарска православна црква (БПЦ) да ѝ биде црква-мајка ќе биде главната тема на разговорите меѓу двата патријарха дента кога во Македонија ќе се слави Божик.

Тие ќе одржат и заедничка литургија во реконструираната црква Свети Стефан, изградена кон крајот на 19. век, а меѓу 1.000 гости на богослужбата ќе бидат и бугарскиот премиер Бојко Борисов и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Обновата на црквата траеше шест години и чинеше 3,5 милиони евра.