Бугарски новинар предлага заедничко фудбалско првенство со Македонија

Симеон Колев, новинар од Бугарија, во дебатна емисија на приватната Бугарска телевизија (БТВ) сугерира да ѝ се предложи на Македонија формирање заедничка фудбалска лига.



„Да им предложиме на Македонците заедничко фудбалско првенство како начин на интеграција“, рече Колев.

Оценувајќи ја идејата како „интересна“ и како „рецепт за сплотување на двата народа“, неговите колеги потсетуваат дека таква лига постоела за време на Втората светска војна, кога тимот на Македонија од Скопје во 1942 година заврши втор, зад Левски од Софија.

Токму меѓусебните дуели на двете екипи се во центарот на дејствието во македонскиот игран филм „Трето полувреме“, кој предизвика бура од реакции во Бугарија.