Бугарски европарламентарец најде Бугари и во Косово

Откако Албанија призна постоење бугарско малцинство на својата територија, од Бугарија почнаа да бараат свои сонародници и во Косово. Таму ги најде бугарскиот европарламентарец Ангел Џамбаски, мислејќи, веројатно, на Горанците, кои живеат во областа Гора на тромеѓето меѓу Косово, Албанија и Македонија.



„Македонија е меѓу Албанија и Бугарија и штом има Бугари во Албанија, тоа значи дека има такво малцинство и во Македонија. Бугарите во Македонија беа нарекувани Македонци. Така падна една лага. Падна теоријата дека нема Бугари на запад од Ѓуешево. Тоа е битка од 1930-тите. Бугари има во Албанија, има во Косово, има во Македонија. Така исчезна една антибугарска доктрина. Се радуваме дека сето тоа се случи во време кога ние сме во Владата, бидејќи тоа е нашата кауза“, изјави за тамошните медиуми потпретседателот на бугарската партија ВМРО.