Бугарски активисти од здружението „Хан Кубрат“ упатија видео честитка до старо новиот американски претседател Доналд Трамп.
Во честитката снимена во стилот на старовековните друиди, наследниците на Кубрат на Трамп му порачуваат дека неговата победа е симбол на светлината и промените кои ќе ја зафатат и Бугарија.

Претседател на ова здружение Хан Кубрат е извесен Веселин Костов.
Видеото во кое може да ја чуете пораката во која горат факели е во линкот
https://x.com/krtanev/status/1854513861157597359?t=9mPhRVBXLN_o0sE9DAEUjQ&s=19

Ханот Кубрат (бугарски: Кубрат, грчки: Χουβρατις) според Википедија е основач и прв владетел на прабугарската племенска конфедерација Стара Велика Бугарија, којашто се наоѓала на територијата на денешна Украина во 7 век.

Кубрат бил на престолот од
околу 632 до околу 650/665 година. Негов Претходник бил Гостун
а наследник Батбајан. Хан Кубрат е закопан во Перешепина денешна Украина.
Во Именикот на бугарските ханови, Кубрат се споменува како Курт (Коуртъ), член на кланот Дуло, кој владеел 60 години и го наследил Гостун од кланот Ерми.
Булгарите биле туркиски номадски народ,[2] кои зеле учество во Хунската конфедерација во 5-ти век. По смртта на Атила, племињата од кои подоцна настанале Булгарите се повлекле во Понтско-Касписката степа. Западните булгарски племиња се приклучиле кон Аварскиот каганат, додека источните Булгари дошле под власта на Западнотуркискиот каганат до крајот на 6-ти век.[3]






