Бугарската “Преродба“ сака да ја турне владата на Жељазков

 

„Преродба“ (Вазраждане) бара да му се изгласа недоверба на кабинетот Жељазков, јавуваат бугарски медиуми.
Како мотив, партијата го посочува системскиот неуспех на владата во надворешната политика.



„Преродба“ забележува дека наместо да го штити националниот интерес, кабинетот „слепо ја следи конфронтирачката линија на либералната елита во Брисел, игнорирајќи ја желбата на бугарскиот народ за мир, неутралност и дијалог“.

Од партијата на Костадин Костадинов наведуваат дека „под притисок на надворешни сили, Бугарија била вовлечена во странски геополитички конфликт, без јавна согласност и без стратешка корист за земјата“.

Според партијата, санкциите против Русија нанесуваат голема штета на бугарската економија, а огромните буџетски средства наместо за здравство, образование и социјална поддршка се пренасочуваат за воена помош.

Вазраждане гледа скандалозна пасивност од страна на владата во врска со смртта на бугарскиот член на ОН Маринов во Појасот Газа.

Партијата инсистира на итна оставка на владата и враќање на надворешната политика заснована на националниот суверенитет, стремеж за благосостојба на Бугарите и поддршка за секоја мировна иницијатива на меѓународен план.

Денеска текстот на гласањето недоверба ќе биде достапен во просторијата на пратеничката група во зградата на Народното собрание за секој што сака да го поддржи со свој потпис, додаваат од партијата