Бугарскo „Возраждање“ не поддржува малцинска влада предводена од ГЕРБ

 

Пратеничката група на бугарската партија „Преродба“ (Възраждане) нема да поддржи малцинска влада на ГЕРБ, БСП и „Има таков народ“, освен – своја, јавува Њуз.бг.



Ова го изјави пратеникот од таа партија, Петар Петров, пред утрешното врачувањето на првиот мандат за формирање бугарска влада, повеќе од два месеци по последните парламентарни избори оддржани во октомври.

Според Петров, ако помине влада на ГЕРБ, БСП и ИТН, таа нема да биде со долг век, туку краткотрајна. Таквите комбинации не се одржливи, смета тој.

Петар Петров очекува шефот на државата Румен Радев на „Преродба“ да му го врачи мандатот во третиот обид за формирање влада.

ГЕРБ на 5 јануари објави дека ги прекинува преговорите за формирање влада по вина на „Деморатска Бугарија“ (ДБ), која не го одобри Бојко Борисов за премиер, по што за таа функција беше предложен Росен Желјазков што е дефинитивен избор на ГЕРБ.

Вчер стана јасно дека поддршка за кабинетот на Желјазков била барана и од фракцијата на ДПС околу Ахмед Доган но засега не е јасно дали ќе биде обезбедена.

Румен Радев утре го дава мандатот за состав на бугарска влада