Бугарка со нож нападнала луѓе во Минхен, полицијата ја застрела

Триесетгодишна жена извршила напад со нож во Минхен, Баварија, Германија, објави „Билд“.



Изданието тврди дека жената е Бугарка, пренесува Њуз.бг

Има извештаи за повредени. Полицијата ја застрелала. По инцидентот, таа била итно оперирана, но починала во болница.

Инцидентот се случил околу 20:00 часот по локално време.

Во моментов нема информации за мотивите. Нема опасност за јавноста.

Според „Билд“, жената имала ментални проблеми.