Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ пред неколку дена ја критикуваше владата на Андреј Пленковиќ, споредувајќи ја Хрватска со Бугарија.



Милановиќ: Хрватска е „на дното“ во ЕУ, полочо е само во…

„Хрватска е дното на Европската Унија, кога ќе ги погледнете поранешните социјалистички земји, Бугарија е единствена полоша и секој ден се молиме да остане за да можеме да кажеме дека сме претпоследни. Не можеме да бидеме задоволни со тоа мора да бидеме на средина, дека во конкуренција со Унгарија „Чешка, Романија, Бугарија… да бидат најдобри. Затоа ни треба децентрализација“, рече Милановиќ.

Поради изјавата на Милановиќ, Бугарија ја повикала хрватската амбасадорка во таа земја Јасна Огњановац и изразила незадоволство, пишува Вечерњи лист.

Амбасадорите од бугарското Министерство за надворешни работи го пренесоа „длабокото разочарување на Бугарија“ од изјавата на претседателот Милановиќ. Тие рекоа дека „таквата изјава е неприфатлива за Бугарија и не одговара на одличните билатерални односи меѓу Хрватска и Бугарија“ и изразија надеж „дека хрватската влада ќе се огради од таквите изјави“.