Бугарија да им помогне на „Бугарите“ во Македонија

Бугарија треба да инвестира во Република Македонија и така ќе им помогне на Бугарите, кои моментно се на дното на општеството, да се интегрираат и да се воздигнат, вели Лазар Младенов, председател на Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС).



Во анализа, наводно за Агенцијата БГНЕС, Младенов кој не е толку експониран во Македонија, но затоа е „познат“ во Бугарија, вели дека Бугарите во Република Македонија до неодамна не само што биле потиснати, тие не можеле да створат ни кариера.

Повод е минатонеделното отворање на Македонско бугарски бизнис клуб (БМБК) во Скопје

Бугарскиот капитал што влегува во Македонија, треба да им помогне на своите сонародници, да можат  да се чувствуваат како полноправни граѓани и да не зависат од антибугарски настроените политички врхушки, вели Младенов како што пренесе деловниот портал ECON.bg.

Тој вели дека граѓаните на Република Македонија ги прифаќаат позитивно новите односи меѓу Софија и Скопје, кои беа воспоставени по потпишувањето на Договорот за добрососедство од 1 август 2017 година

Се повеќе луѓе кои не можеа отворено да се изјаснат за објават својата бугарска припадност, тоа го прават сега. Овој факт ќе придонесе за подобрување на нашите односи што досега беа во сенката на Белград и Атина.

Самото движење на луѓе и идеи ќе им помогне на Бугарите од едната страна и од другата страна на границата, вели Младенов. Во анализата направена специјално за БГНЕС.