Бугарија влегува во воениот сојуз со Албанија, Косово и Хрватска!?

 

 Бугарија е спремна да се придружи на воениот договор кој неодамна беше потпишан меѓу Албанија, Косово и Хрватска, тврди косовскиот шеф на дипломатијата Ејуп Мачедонци за ТРТ Балкан, и додава дека очекува и други земји од регионот да се приклучат на воениот сојуз.



„Имаме потврда од Бугарија, која претходно разговарала со хрватскиот министер за можноста да се приклучи на договорот, но целосно верувам дека и други земји од регионот, особено оние кои ги делат заедничките вредности со нас, и нормално, заедничките интереси, бидејќи вредностите сами по себе не се доволни, да се приклучат на овој договор, оваа декларација, чија цел е мир, стабилност и безбедност“, изјави Мачедонци.

Трилатералниот меморандум од областа на одбраната меѓу министерствата за одбрана на Албанија, Косово и Хрватска беше потпишан на 18 март во Тирана.

РСЕ: Прават ли Албанија, Хрватска и Косово воен сојуз?