Бројот на загинати во нападот во Њу Орлеанс се искачи на 15

Американските федерални власти случајот го третираат како терористички акт, кој најверојатно е поврзан со други случаи.
Во Њу Орлеанс е прогласена вонредна состојба, што ќе му овозможи на ФБИ да спроведе специјални мерки во истрагата за нападот, јави Си-Ен-Ен.



Федералните власти соопштија дека 41-годишниот вооружен напаѓач Шамсудин Џабар не дејствувал сам и дека барале соучесници. Џабар беше убиен на местото на настанот во престрелка со полицијата во францускиот кварт во Њу Орлеанс.

Џабар служел во вооружените сили на САД 13 години, вклучително и мисија во Авганистан, објави Ројтерс, повикувајќи се на информации од Пентагон.

„Не веруваме дека Џабар е единствениот одговорен. Активно работиме на сите траги, вклучително и на неговите познати познаници“, изјави денеска на прес-конференција помошникот специјален агент на ФБИ, Алетеа Данкан.

Судските документи покажуваат дека Џабар се разведува од сопругата во 2022 година. Двојката имаше едно дете.

Тој немал никакви насилни криминални досиеја. Според записите од Тексас, Џабар бил обвинет во 2002 година за ситна кражба и е уапсен во 2005 година за возење со неважечка возачка дозвола.

ФБИ соопшти дека Џабар имал знаме на Исламската држава (ИД) во неговиот пикап и дека нападот го третира како потенцијален терористички чин.

Сепак, не е објавена официјална верзија за да се објасни зошто Џабар, американски државјанин кој пораснал во Тексас, го извршил нападот во Њу Орлеанс.

ФБИ верува дека Џабар го изнајмил пикапот „Форд“ што го користел за ора во толпата во францускиот кварт во Њу Орлеанс рано вчера. Џабар потоа отвори оган врз полицијата и повреди 35 лица, убивајќи најмалку 15 други.

Знамето на ИД во пикапот предизвика истрага за можни врски со терористички организации.

Истражителите пронашле оружје и потенцијална експлозивна направа во автомобилот, како и други потенцијални експлозивни направи во Францускиот кварт.