Бројот на загинати во Мјанмар наближува до 3.500

 

То се проценките по смртоносниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар на 28 март 2025 година предизвика значително уништување и хуманитарна криза.



Според државните медиуми, бројот на загинати се искачи на 3.471 лице, а 4.671 се повредени, а 214 се водат како исчезнати, пренесува Ројтерс.

Покрај уништувањето, неочекуваните дождови ги отежнуваат напорите за помош и го зголемуваат ризикот од ширење на болеста.

Хуманитарните агенции предупредуваат дека комбинацијата на дожд и екстремна топлина може да доведе до појава на болести како колера меѓу преживеаните кои се принудени да живеат на отворено…