Бркотница како на филм на Бит Пазар, приведени две лица

Полициска бркотница како од филм се одвивала синоќа на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.



Полицијата сопрела автомобил во кој биле две лица од Арачиново, скопско, но ситуацијата ескалирала кога тие не застанале туку возилото на осомничените удрило во полицискиот автомобил во обид да побегнат.
Кога полицијата ги стигнала и уапсила, двете лица М.Б.(31) и Џ.Б.(29), фрлиле јакна во која биле пронајдени два пиштоли и 20 куршуми од различен калибар, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.