Дел од британските медиуми се загрижени за здравјето на играчите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид кои ќе играат „во потенцијално опасна горештина откако температурите во Скопје го надминаа 40-тиот степен“ пишува весникот „Мирор“.
„Манчестер јунајтед патува на Балканот за пресметката со Реал Мадрид, очекувањата се температурите во Скопје да го надминат 40-тиот степен“ пишува британскиот медиум кој најавува дека температурата пред мечот треба да се движи околу 35 степени.
– Јунајтед и Реал веќе играа на топло време во нивните пресезонски подготовки, на турнејата во САД, вклучувајќи го мечот во Санта Клара, но растечките температури во главниот град на Македонија се чини дека ќе биде „најжешкиот меч“ што овие две екипи го одиграле меѓу себе, пишува „Мирор“.





