Британскиот амбасадор Чарлс Гарет смета анализаta за (не)успешноста на „Твитер кампањата“ на министерот за здравство Таравари за која го прашуваат на социјалната мрежа, експлицитно не посочува на на неуспех.
Амбасадорот најпрвин не го разбира прашањето за анализата но откако други членови на Твитер заедницата му објаснуваат дека кампањата не е ефективна барем меѓу Македонските корисници на Твитер, Гарет дипломатски вели дека во анаализата не се тврди експлицитно дека таа е неефикасна без да посочи дали смета дека е корисна за јавноста.
Според анализата која ја цитира профилот „Новица“ кампањата #ЗдравоТаравари имала 294 оригинални пораки на македонски и албански јазик во период од 72 часа. Анализата оргинално е обајвена на Радиото слободна европа на македонски јазик.

Во неа голем дел од прашањата се шеги како на пример прашањето „Здраво Таравари дали да јадам месо и пита со сирење за појадок“.
Тројца од твитерџиите имаат напишано 57 прашања до министерот а на третиот ден од кампањата има само по 5 прашања на секој час. Според авторот овие показатели укажуваат дека политичките кампањи на Твитер не се атрактивни за македонските корисници на оваа социјална мрежа.





