Агенција за млади и спорт се најде повикана од јавноста и од освојувачите на второто место во Европската лига и веднаш денеска организира прием за да го испочитува резултатот остварен во Данска. Сето беше испровоцирано со утринското видео од пристигнувањето на црвено жолтите одбојкари во Скопје кога никој не ги пречека, па тие сами минаа низ триумфалната порта, ја отпејаа химната на плоштадот Македонија, каде свртеа и некое оро.



Ова беше и миг на промоција на новиот директор на АМС Дарко Каевски кој не го криеше задоволството што се најде во друштво на таква спортска величина како што е нашиот капитен Никола Ѓорѓиев.