Готова е за 15 минути, а брзата кремаста торта од сирење, бисквити и малинки е неверојатно вкусна.
Потребни состојки (за филот):
-500 гр свежо сирење
-5 супени лажици шеќер во прав
-1 лажица ванилин шеќер
-250 мл слатка павлака
Потребни состојки (за подлога):
-бисквити
-млеко
-крем
-прелив од малина (или други плодови по ваш избор)
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака во еден сад. Во друг изматете го сирењето и шеќерот, а потоа измешајте ги со павлаката. Во млекото, натопете ја првата линија на бисквитите и нанесете го филот во тенок слој. Редете бисквити, фил, бисквити.
На еден слој на вашиот избор, ставете многу малина со цел да биде розов слој.
Редете додека имате филм, а завршете со бисквит, покријте со шлаг, украсете со трошки и боровинки.





