Бугарскиот тајкун Милен Врабевски кој е финансиер на побугарчувањето на Македонците во Албанија и Гора на Косово смета дека Бугарската црква да и стане мајка на македонската не затоа што тоа има верски причини зошто тоа е дел од бугарската национална кауза!
Врабевски кој е еден од творците на планот со кој МПЦ побара мајка во БПЦ и прв објави дека има такво барање, во интервју за Бугарската Национална Телевизија порачува дека целта е света – Македонците да сфатат дека се Бугари и отворено зборува за еден народ од двете страни на границата.
Врабевски кој е претседател на фондацијата “Блгарска памет” не крие дека целта на проектот не е решавање на црковниот проблем, туку бугаризирање на Македонците.
Во емисијата тој апелира до бугарскиот патријархот Неофит, барем да ги “прошверцува” свештениците од МПЦ да се причестуваат во Бугарија.
Во јуни минатата година Врабевски беше на средба со премиерот Заев во македонската влада заедно со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и владиката Наум.
Прес службата на владата никогаш не објави за средбата ниту откри што се разговарало на неа.
Веста за средбата во Скопје





